Зошто на грчите острови куќите се обоени во сино и бело?

Карактеристичните куќи во сина и бела боја се заштитен знак на грчките дестинации како што се Миконос и Санторини. Боите на куќите од грчките острови настанале од практични причини. Каменот достапен на места како Миконос, Парос и Наксос имал потемна, земјена боја, која го привлекувал сонцето и го правел животот во куќите неподнослив поради високите температури. За да се разладат, Грците го обоиле каменот бело.

Во средината на 20 век, во архитектурата се вмешала и болест. За да се спречи ширењето на колерата, грчките власти наредиле куќите да се премачкаат со вар, кој служи како средство за дезинфекција.

Исто како и белата боја и сината има своја причина. Грчките рибари и морнари ги боеле вратите и прозорците со боја што им останала од бојадисување на бродовите, а сината поради својот состав била најдостапна. Карактеристичната сина боја била изработена од варовник и средството за чистење “loulaki”, еден вид на син прав кој бил достапен за поголемиот дел од населението.

Убавите бои на куќите на грчките острови престанале да бидат само практични и станале задолжителни во 60-тите години на минатиот век.

Актуелниот режим сметал дека препознатливите бои ќе го поттикнат патриотизмот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e