Жирафите се животни кои имаат најголемо срце

Жирафите се единствените животни кои се раѓаат со рогови а користејќи ги роговите на главата на жирафата, можно е да се одреди нивниот пол. И мажјаците и женките имаат рогови, но женските рогови се помали и покриени со влакна одозгора.

По 15 месеци поминати во стомакот на мајката, се раѓа бебе жирафа. Самиот настан не е воопшто пријатен за младенчето, бидејќи паѓа од висина од 2 метри и останува неподвижно. Една минута по раѓањето почнува да дише и по неколку часа стои на нозе. Со мајка си останува девет месеци, по што започнува самостоен живот.

Во првите четири месеци младенчето цица, а потоа се префрла на растителна исхрана. При раѓањето, малечкото е високо околу 1,8 метри и тежи меѓу 45 и 68 килограми. Жирафите се животни кои имаат најголемо срце – поголемо дури и од слон или кит и најдолга опашка. Спијат само од 10 минути до максимум 2 часа дневно, бидејќи им треба многу време да се прехранат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e