Заштитете ја кожата на лицето со овие домашни маски

Со почетокот на ладните денови, потребно е да ја засилите и негата на лицето. Сувиот ветер ја исушува кожата и создава микропукнатини и чувство на затегнатост.

Во својата рутина ви препорачуваме да вклучите и природни маски за лице кои можете да ги направите самите. Обидете се, ништо не губите.

Маска со банана и јогурт

Оваа маска ја храни вашата кожа. Најпогодна е за оние со комбиниран тип. Изгмечете една банана и ставете сосема малку јогурт, за да остане густа. Нанесете со четка за маска. По 30 минути измијте со млака вода. Користете ја еднаш неделно.

Маска од мед и млеко

Најлесна, но и најделотворна маска за лице. Одлична е за сувата кожа, Измешајте 2 големи лажици мед и 5 големи лажици млеко. Мешајте додека да добиете структура како паста. Нанесете на лицето, масирајте 5 минути со прсти или со масажер за лице. По 20 минути измијте со млака вода.

Маска со овесни снегулки и кокосово масло

Крупно измелете ги овесните снегулки (3 лажици), па измешајте ги со голема лажица кокосово масло. Ако има потреба ставете ја маската кратко во фрижидер за да биде покомпактна за нанесување. Држете ја на лицето 15 минути па измијте со ладна вода. Оваа маска е одлична за девојки со масна кожа склона кон акни.

Ознаки: , , ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ