Студија: Мажите и жените се самозадоволуваат од различни причини

Нова британска студија покажува дека мажите и жените се самозадоволуваат од различни причини, но не само поради уживање, туку и поради други фактори поврзани со нивниот сексуален живот.

Истражувањето, објавено минатата година, се темели на податоци од британските национални истражувања за сексуални ставови и животни навики, собирани од почетокот на 2000-тите до раните 2010-ти. Податоците покажуваат дека самозадоволувањето со текот на времето станало почеста појава.

Претходните теории сугерирале дека самозадоволувањето кај мажите и жените има различна улога – кај мажите како замена за недостиг од сексуална активност, а кај жените како дополнување на активен сексуален живот.

Резултатите делумно ги потврдуваат овие претпоставки. Кај мажите, почестиот сексуален однос е поврзан со поретко самозадоволување, додека кај жените се забележува спротивен тренд – почести сексуални односи се поврзани и со почесто самозадоволување.

Истражувачите посочуваат дека кај дел од жените самозадоволувањето се доживува како дел од пошироко сексуално искуство, а не како замена за однос со партнер.

Од друга страна, студијата покажува и сличности меѓу половите. И мажите и жените кои се самозадоволувале во изминатиот месец почесто изразиле желба за повеќе сексуални односи, различни сексуални интереси од партнерот, како и незадоволство или тешкотии во сексуалниот живот.

Во такви околности, самозадоволувањето може да има компензациска улога, односно да служи како замена кога постојат проблеми или незадоволство во партнерските односи.

Авторите на студијата наведуваат дека истражувањето има ограничувања, бидејќи се темели на самопријавени податоци, што значи дека резултатите зависат од искреноста на испитаниците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e