За максимално уживање во сексот – три работи што ви гарантираат дека сте на вистинскиот пат

Сексот е многу важен сегмент од секоја врска, но овој интимен чин го достигнува својот врв само кога обата партнера максимално уживаат во моментот, без никакви задршки. Дознајте дали знаете да уживате во сексот…

1. Не се грижите како изгледате за време на сексот
Водењето љубов е страстен момент во текот на кој треба целосно да им се препуштите на чувствата ако сакате максимално да уживате. Во тие моменти не треба да ви е важно како изгледате, каква ви е фризурата или дали ви се гледа целулитот. Само така ќе може да имате совршен секс.

2. Можете да му кажете на партнерот точно што сакате
Сексот е многу индивидуален, а секој од нас има различни желби и потреби. Токму поради тоа, совршениот секс подразбира одлична комуникација помеѓу партнерите. Ако не се двоумите дали да му покажете на партнерот што сакате и дали да ја предложите вашата омилена поза, треба да знаете дека имате одличен сексуален живот.

3. По сексот се чувствувате опуштено и среќно
Докажано е дека сексуалниот однос влијае на работата на мозокот и на лачењето на хормонот за среќа и задоволство. Но тоа важи само за страсниот секс без задршки. Ако по сексот не можете да ја тргнете насмевката од лицето, чувствувате како телото ви трепери и ве совладува умор, треба да знаете дека сте имале совршен секс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e