„WhatsApp“ воведува нова опција за која многумина ќе се израдуваат

„WhatsApp“ работи на нова попција за исчезнување на пораките во четот. Сега на „WhatsApp“ можете да наместите пораките да исчезнуваат после одредено време, но тоа мора да го направите за секој чет посебно.

„Facebook“ сега сака на оваа платформа да направи опција за исчезнување која ќе може да се активира за секој чет, без посебни нагодувања.

Опцијата ќе биде во подесувањата за приватност и кога еднаш ќе се активира, ќе може да се користи при секое допишување.

Исчезнувањето на пораки е воведено во 2020 година и може да се намести пораките да исчезнуваат после сеудм дена.

Новата опција носи исчезнување на пораките после 24 часа.

Оваа информација ја пренесе „WABetainfo“, а се вели и дека „WhatsApp“ ја тестира оваа опција и дека ќе се вика „Dissapearing mode“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e