Твитер профилот на претседателот на САД, Доналд Трамп вчера на кратко исчезна од оваа социјална мрежа, но повторно е обновен, соопштија од „Твитер“.
Профилот бил неактивен 11 минути, а „Твитер“ во моментов ги истражува деталите.
Како што е наведено, профилот @realdonaldtrump бил „деактивиран“ од вработен во „Твитер“, поради што тоа му бил последен ден на работа. Трамп, кој е активен корисник на Твитер со 41,7 милиони приврзаници, засега не го коментира инцидентот