Во иднина ќе живееме 130 години со мозок и тело на 22 годишно лице

Луѓето во иднина ќе живеат 130 години, а ќе имаат тело и мозок како во младоста, тврдат генетичарите. Генетската терапија би можела да биде клучна за подолг живот и тоа не само кога е во прашање младото тело, туку и подмладениот мозок.

Научниците од Харвард, кои започнале преелиминарни експерименти на кучиња од расата бигл, тврдат дека можат да ги направат кучињата помлади додавајќи ги новите ДНК упатства во нивните клетки.

Проектот под име “Rejuvenate Bio” е основан според претходни истражувања кои покажале дека вградувањето на гените кај едноставните организми како што се црвјата и мувите можат двојно да го продолжат нивниот животен век. Научниците веруваат дека тој процес би можел да се применува и кај луѓето.

Претходните истражувања покажале дека трансфузијата на крв од помлади глувци на постарите луѓе може да им врати одредени биомаркери на помлад степен.

“До сега спроведувавме бројни тестотви на глувци, а некои сега ги извршуваме и на кучиња. Поради тоа ќе преминеме на луѓе”, вели генетичарот Џорџ Черч.

Тој претходно изјави дека за идните тестирања, доколку се покажат безбедни, луѓето сами ќе се пријавуваат. Черч вели дека целта на тестовите е човекот во иднина да има тело и мозок на 20 годишен човек, а искуство на човек стар 130 години.

Доколку постапката не успее на луѓето, овој генетичар вели дека генетската терапија би можела да биде профитабилна кога се домашните миленичиња во прашање.

“Кучињата се пазар за себе”, заклучи Черч.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e