Во Германија ова се најбараните професии

Овој месец Германија побарува рекорден број на работници, а највеќе се бараат луѓе од секторот на информативно – комуникациската технологија.

Од 2005 година наваму ако се погледне, сега потребата од работна сила е најголема.

Бројот на работните места е зголемен во стопанството.

Раст на слободни работни места има во малопродажбата, индустриското производство и јавна управа.

Иако прогнозите за раст се намалени за оваа 2018 година, сепак Германија е земја со економска благосостојба.

Ниската невработеност им овозможува на работниците да се чувствуваат сигурни и да менуваат работни места.

Невработеноста обично расте во лето поради заминувањето на годишни одмори, но има и огласи кои долго време не се пополнети.

Сепак, од 1990 година наваму сега е забележан најмал број на невработени луѓе во Германија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e