(ВИДЕО) Злато, теретани и бела кожа: Во авионите на Трамп и Путин “сè блеска од луксуз”, а еве кој е поскап

Авионите на претседателите на најмоќните сили, Русија и САД, Владимир Путин и Доналд Трамп, се вистински летечки тврдини, а не се штедело ни на комфорноста ни на безбедноста.

Тие на самитот во Хелсинки пристигнале во своите претседателски авиони, а јавноста веднаш почнала да анализира чиј е подобар.

Авионот на Путин
Авионот на Путин – “IL-96-300PU” чинел 500 милиони долари, а опремен е со напредна технологија која оваа летечка палата, како што нарекле медиумите, ја прави вистински команден центар во случај на неочекуван напад.

Од надвор изгледа како стандарден патнички авион, иако според димензиите е нешто поголем, а внатре рускиот претседателски авион е опремен како луксузен хотел.

Распонот на крилата му е 65 метри, колку што е и долг. Максималната тежина која може да ја понесе е 270 тони.

Внатрешноста е декорирана во неокласичен стил, светли бои, со многу бела кожа и златни детали.

Рускиот претседател има флота од четири идентични авиони.

Од безбедносни причини, дури пред патот се бира со кој авион ќе патува претседателот, но тој податок им е познат на малку луѓе. Преостанатите три или само еден авион го следат авионот кој е одбран за патот.

Авионот на Трамп
Ни американскиот “Air Force One”, официјалниот авион на американскиот претседател не е ништо помалку луксузно опремен. Модифицираниот “Boeing 747-200S” им служи на американските претседатели од 1987. година, но самата компанија “Boeing” е задолжена за превоз на претседателите на Америка веќе половина век.

Авионот има 372 метри квадратни и како и авионот Путин, поседува команден центар во случај на непредвиден напад на САД.

Авионот има и две кујни, теретана и туш кабина, а вкупно е опремен со 87 телефони и опрема за видео-конференциски повици. Уште една предност на овој “Boeing” е што може да го дополни резервоарот во воздух.

Се претпоставува дека цената на авионот е милијарда долари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e