(ВИДЕО) Вработени во Клиника за трансфузиологија спасија и извадија кучиња под бетонска плоча

Во време на суровост и насилство врз животните во Република Македонија, со задоволство Ви го приложуваме видеото на несекојдневна спасувачка акција на мајка и нејзините младенчиња , изведена од персоналот на Клиниката за Трансфузиологија-објавија денеска од организацијата за заштита на животни Анима Мунди.

Тие без миг двоумење успееја да спасат мајка со мали кутриња кои на нејасен начин завршиле под бетонска плоча и дупка во дворот на клиниката. Докторите ја кренаа плочата, не се штедеа да се извалкаат и влезат во дупката за да ги извадат животните. Мајката и малецките туку што прогледани кутриња се на безбедно, згрижени од актерката и активистката Ајета Реџеповиќ и госпоѓа Лидија Андријевиќ, исто така голем активист-велат од Анима Мунди.

Овие луѓе, доктори и вработени во Клиниката за Трансфузиологија ни ја вратија вербата во човечката хуманост, големина и добрина и јавно им се заблагодаруваме !

Извор: Ако.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e