(ВИДЕО) Вака изгледа еден ден во градинка во Данска

Децата во нордиските земји – Исланд, Финска, Норвешка, Шведска и Данска имаат највисоки стапки на благосостојба на глобално ниво. Можеме многу да научиме од нив.

Иако е општо познато дека Данците се посреќни и поздрави, видео од градинка во таа земја сепак шокираше многумина. Всушност, наставничката Вини Ен објавила видео од деца како си играат во калта. Се тркалаат и скокаат во услови кои некои ги сметаат за несоодветни.

“Играњето и скокањето во калта е повеќе од забава – тоа е од суштинско значење за сетилниот развој на децата. Кога децата поминуваат време во природата, тие ги вклучуваат своите сетила: допир, вид, мирис и слух. Од чувството кое калта го создава меѓу прстите до мирисот на земјата што го исполнува воздухот, играта со кал нуди богато сетилно искуство што не може да се повтори во затворен простор. Дозволете им да го прифатат нередот и радоста на играта со кал – нивните сетила ќе им се заблагодарат за тоа“, стои во описот на видеото. .

Откако видеото стана вирално и се прошири на други профили, многу луѓе го коментираа. Некои велат дека не би сакале нивните деца да се вратат од градинка толку валкани.

„Во ред е децата да се забавуваат, но сигурен сум дека родителите не се среќни кога децата се враќаат од градинка со калливи алишта“, „Како ги чистите децата после ова? Јас сум учителка во Америка и сум сигурна дека родителите не би биле среќни доколку си ги земат децата толку валкани“, коментираат тие.

Некои луѓе се прашуваат дали оваа практика е безбедна за здравјето
„Вака децата можат да се заразат со црви“, „Само ме интересира што се случува кога децата ќе стават кал во устата и ќе добијат инфекција“, прашуваат тие.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e