Доналд Трамп, американскиот претседател на самитот на НАТО во Брисел, уште еднаш покажа дека е полн со бисери и неочекувани потези. Тој сакајки да се изгура и да пројде во првиот ред брутално го оттурна црногорскиот премиер, Душко Марковиќ.
Марковиќ подоцна кажа дека Трамп и така „заслужува“ да биде во првиот ред.
„Не го ни забележав, само на социјалните мрежи ги видов реакциите. Тоа е непотребна ситуација и јас само така ја доживувам. Сакам да кажам дека е природно претседателот на САД да биде во првиот ред“, рекол Марковиќ.