(ВИДЕО) „Прочка“ – видео првенче на младите актери од СУГС „Марија Кири – Склодовска“

Драмската секција при СУГС „Марија Кири – Склодовска“ – општина Аеродром го објави своето видео првенче.
Во пресрет на празникот Прочка средношколците од трета година, под раководителство на професорките по македонски јазик одговорни за секцијата, дел од членовите на Драмската секција, ја снимија адаптацијата на народната приказна „Прочка“ во која ги демонстрираат своите актерски таленти, истовремено негувајќи ја изворната традицијата.
dram

„Дека се’ се одвива беспрекорно во наставата и вонаставните активности во СУГС “Марија Кири – Склодовска” ни посведичи драмата која ја снимија дел од учениците во драмската секција при училиштето. Оваа година и покрај тоа што наставата се одвива на далечина, предметните професорки по македонски јазик и литература реализираа упис на нови членови во драмската секција. Идејата првично беше средношколците да се забавуваат и да ја разбудат креативноста, но талентот, желбата и љубовта кон глумата кај нив за краток временски период вроди со плод и го снимија првенчето. Инспирирани од народна приказна, а во пресрет на христијанскиот празник “Прочка”, ни го покажаа ова нивно дело“, велат одговорните менторки.

Низа позитивни коментари и пофалби за младите и надежни актери се редеа пред се поради автентичноста при адаптацијата на народната приказна како пример за негување на традицијата, културното богатство и јазикот.

Амбиентот и народните носии, но и личниот сенс на младите кон обичаите од памтивека „ги наредија“ кадрите на оваа исклучителна видео продукција.

Членовите на драмската секција заедно со своите професорки не застануваат тука, работат на следни проекти, а најавуваат и нешто авторско и посовремено.

„Особено внимаваме и сме посветени, освен низ формалните програмски насоки, на учениците да им ја пренесеме важноста на мајчиниот јазик и почитувањето на традицијата  кои се неминовен дел од нашиот етнос. Само така, сметаме, дека учениците ќе го спознаат значењето на јазикот  и на традицијата како богатство на еден народ“, појаснуваат одговорните професорки по македонски јазик, кои нагласуваат дека ги охрабруваат и поддржуваат учениците во проектите со кои се збогатува културната и јазичната ризница на општеството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e