(ВИДЕО) Повторно тепачка во косовскиот Парламент

Пратеникот на Демократската партија на Косово (ПДК) во косовското Собрание, Џавит Халити денеска за време на собраниската расправа го удри неговиот колега од Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), Арбен Гаши.

Посериозен инцидент спречиле останатите пратеници.

Ден по нивната жестоката вербална расправија на парламентарната седница, Халити, кој е еден од основачите на поранешната Ослободителна војска на Косово (ОВК) и влијателен политичар во редовите на владејачката ПДК, денеска со лакт го удри Гаши, пратеник од таборот на опозициската ЛДК.

Претседателот на Собранието, Кадри Весели ги предупреди пратениците да се однесуваат во согласност со функцијата, која ја вршат.

Инцидентот меѓу двајцата пратенци се случи за време на гласањето за избор на судии на Уставниот суд на Косово.

Ова не е прв пат да има тепачка, претходно и неколку пати пратениците фрлаа солзавци во Собранието.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e