(ВИДЕО): Ова е трејлерот за новата македонска комедија „Година на мајмунот“

Со премиерата на играниот филм „Година на мајмунот“ по сценарио и режија на Владимир Блажевски, а во продукција на „Панк филм“, во кино „Милениум“ беше отворен 21. Скопје филм фестивал.
Новиот филм на Блажевски „Година на мајмунот“ е црна комедија, копродукција меѓу Македонија, Србија, Словенија и Косово. Во главната улога е Игор Ангелов, а во актерската екипа се и: Марија Кон, Решит Береда, Рефет Абази, Тања Кочовска, Петер Елиот. Директор на фотографија е Димо Попов. Филмот се снимаше во 2016 година на 80-ина локации низ Македонија.
лавни протагонисти во филмот се Цобе, сиромашен чувар во Зоолошката градина во Скопје, и шимпанзото Коко, жител во градината. Филмот е приказна за бегањето на Коко „од ропство во слобода“ поради што Цобе ќе биде отпуштен со ветување дека ќе го вратат на работа доколку го пронајде и донесе назад избеганиот мајмун…

– Во измачената и со транзиција девастирана земја, се крева голема медиумска врева околу избеганото шимпанзо. Коко станува симбол на отпорот и слободарски стремежи, некој што успеал да излезе од магичниот круг на општата ентропија. Така, спасувачката мисија на Цобе за фаќање на шимпанзото ќе стане и предавничка, соопшти СФФ во најавата.
Погледнете го трејлерот за „Година на мајмунот“:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e