(ВИДЕО) На осумгодишно момче му експлодирал мобилен во раката, останал без прсти

Момче од Индија изгубило три прста откако во раката му експлодирал мобилен телефон.

Јаган Ачари (8) слушал музика на уред од кинеско производство кое за тоа време бил вклучен во струја и се полнел.

Во еден момент мобилниот телефон ненормално се загреал, а потоа и експлодирал. Три прсти на момчето буквално летнале во воздух, а четвртиот е тешко повреден. Момчето се здобило и со изгореници на стомакот, но состојбата му е стабилна.

Лекарите сега разгледуваат можност прстите да му ги сошијат затоа што сметаат дека успале на време да ги спасат, јавува Дејли Мејл.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e