(ВИДЕО) „На јога со Гога – секој ќе има добра нога“ – Силјановска и Пендаровски во шоуто „1на1“

Претстојната недела во популарното шоу на Жарко Димитриевски „1на1“ на Канал5 ТВ гостуваат претседателските кандидати Гордана Силјановска-Давкова и Стево Пендаровски.

Веќе на социјалните мрежи се појави сатирично видео со изјавата на Силјановска која звучи „На јога со Гога – секој ќе има добра нога“. Како звучеше тоа од Силјановска погледнете во видеото подолу.

Силјановска, исто така заигра рокенрол со водителот, додека претседателскиот кандидат Пендаровски низ шега рече дека „ќе ја гура државата напред, бидејќи човек со југо навикнат е да гура“!

Погледнете ја видео најавата за „1на1“ на Канал5 во недела со почеток од 18:30.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e