(ВИДЕО) Мајмун вози автобус полн со патници во Индија

Индиски возач на автобус е суспендиран од работа затоа што му дозволил на мајмун да управува со возилото во кое имало 30 патници. Според изјави на очевидци, мајмунот влегол во автобусот со еден од патниците, но не сакал да седи на ниту едно друго место освен во предниот дел на автобусот. Па така, возачот му дозволил на мајмунот да седне зад воланот и да го продолжат патот, објави Би-би-си. Овој несекојдневен настан се случил во државата Карнатака, во јужна Индија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ