(ВИДЕО) Еве како да го разладите врелиот автомобил за само 10 секунди

Седењето во пеколно врел автомобил не само што е многу непријатно, туку може да биде и опасно по здравјето. Без разлика дали имате клима уред или не, овој трик ќе ви помогне да оладите автомобил што стоел на сонце околу десет секунди.

Оние кои ја испробале оваа метода велат дека ја намалува температурата во возилото за околу 10 степени.

Сè што треба да направите е:

Спуштете го прозорецот на совозачот и затворете ја вратата.
Отворајтe ја и затворајте ја вратата на возачот (погледнете го видеото).
Дополнителни совети:
Добро е да ставите малку памучен материјал (стара маица, чаршав) на седиштата, особено ако се од кожа – на тој начин полесно ќе седите на нив бидејќи нема да биде толку жешко.
Воланот треба да е свртен настрана при паркирање, па кога ќе се вратите и го ставите во почетна позиција, најважниот дел (каде што ви се дланките) ќе биде ладен.
Покрај тоа, пред да го напуштите автомобилот, ставете некаков вид на обвивка на менувачот, можеби стар чорап, така што нема да биде толку жежок кога повторно ќе седнете зад воланот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e