(ВИДЕО) Децата од Тајланд утре ја напуштаат болницата, а пред да се вратат дома повторно ќе се потсетат за стравот и ужасот кој го поминаа во пештерата

12 деца од Тајланд и нивниот фудбалски тренер кои после 21 ден успешно биле извлечени од поплавената пештера утре конечно ќе бидат пуштени од болница.

“Децата ќе одржат прес-конференција за медиумите, бидејќи сакаме да го задоволиме интересирањето на јавноста”, рекол портпаролот на владата Сансерн Каевкамнерд.

Децата и нивниот тренер безбедно беа извлечени од пештерата Там Луанг минатата недела во спасувачката акција која привлече внимание ширум светот. Спасените фудбалери и тренерот се наоѓаат во добра здравствена состојба во северниот град Чианг Раи, каде што биле спасени.

Властите се загрижиле како ова ќе влијае на децата и нивното психичко здравје после сè што поминале, изненадната слава и заинтересираните медиуми. Поради тоа одлучено е утрешната конференција за новинарите да биде внимателно контролирана.

Новинарите ќе мора да ги врачат прашањата од претходно, кои потоа ќе бидат прегледани па одобрени. Одобрените прашања ќе ги поставува модератор.

“Сега се чувствувам добро”, “Не мора повеќе да се грижите, сега сме сигурни”, “Благодарам на луѓето кои дојдоа да нè спасат”, беа само дел од пораките на храбрите момчиња од болницата.

Особено емотивна е нивната заедничка фотографија со нуркачот Саман Кунан (38), кој почина обидувајќи се да помогне во акцијата.

Да се потсетиме, малдиот фудбалски тим и тренерот беа речиси 3 недели заглавени во пештерата, која се поплави поради постојаните поројни дождови. Биле пронајдени после 10 дена здрави и живи, а самата спасувачка акција траеше три дена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e