Три собни растенија кои се идеални за во спалната соба

Собните растенија не се само прекрасен украс и зелена декорација во вашиот дом, туку можат да имаат и разни благотворни дејства по здравјето и ентериерот на домот.

Познато е дека делумно ја намалува прашината во просторот, го чисти воздухот, а научниците истакнуваат и дека можат да го подобрат сонот. Според цвеќарската компанија „Flying Flowers“ одредени растенија во спалната соба можат да помогнат да се ослободите од несоница и да го продолжите квалитетот на сонот.

Посебно се издвојуваат овие 3 растенија:

Лаванда

Првото растение кое треба да го ставите во спалната соба за добар сон е лавандата. Лавандата е позната по своето смирувачко својство и често се користи во бањите и спа-третманите. Може да се стави и сушена лаванда покрај креветот или да ја ставите во саксија (живо растение). Овој цвет се додава во многу лекови за ублажување на стресот, несоница, а лавандата исто така е одлична собна билка и ја исполнува собата со свој едноставен и опуштен мирис.

Спатифилум

Следниот цвет којшто треба да го имате предвид е за подобрување на сонот, а тоа е „женската среќа“, популарно собно растение. Ова растение е одлично и помага во подобрување на сонот. Го филтрира воздухот во затворени простории и ја зголемува влажноста, што ви помага во олеснување на вашето дишење. Цветовите на ова растение исто така апсорбираат влага која се пренесува во воздухот и на која може да бидете алергични. Доколку го чувате во спалната соба ова растение, можно е да бидете поодморени.

Сансеверија

Ова растение се нарекува и „свекрвин јазик“. Овој цвет од семејството ssparagus се истакнува со густи и издолжени листови. Познато е по својата способноста да ги апсорбира токсините и го претвора јаглеродниот диоксид во кислород, дури и во текот на ноќта. Сето тоа придонесува и во брзото воспоставување на квалитетен и цврст сон. Зголеменото ниво на кислород е добро за менталното здравје затоа што ја зголемува енергијата и го подобрува расположението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e