Трамп до Де Ниро: Зашеметен е од ударите што ги прими во филмовите

Доналд Трамп му возврати на Роберт де Ниро, откако холивудската легенда жестоко го нападна на церемонијата на доделувањето на Тони наградите во неделата.

Де Ниро, кој своевремено кажа дека би му удрил бокс на Трамп, доби стоечки овации од публиката, откако среде ТВ-пренос на двапати го опцу американскиот претседател.

Трамп, по обичај, одговори на Твитер.

„Роберт де Ниро, личност со ниско ниво на интелигенција, во филмовите има примено многу удари во главата од вистински боксери. Го гледав минатата ноќ и мислам дека беше зашеметен. Тој очигледно не сфаќа дека нашата економија е најдобра досега, а невработеноста е на рекордно ниско ниво. Разбуди се Панчи“, напиша Трамп на Твитер.

Де Ниро е еден од најголемите критичари на Трамп и пред некој ден ѝ се извини на Канада за неговите глупости.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e