Топ 10 величествени историски откритија

Човештвото постојано оди напред. Дознајте кои се најголемите откритија низ годините во минатото!

Тркало

Тркалото луѓето го пронашле околу 3500 година пред н.е. Од темел предизвикало промени при движењето, патувањата, трговијата и нималку не го променило своето значење во 21 век.

Машина за печатење

Машината за печатење не била откриена одеднаш. Во 1045-та година во Кина Би Шен открил начин како да се пишуваат писма и како да добијат повеќе копии. Веќе во 1450-та година во Германија Јохан Гутенберг направил рачна преса за печатење на книги. Како резултат на тоа книгите почнале да се произведуваат во големи колични, а ракописите значително поефтиниле. Сето тоа помогнало за распространување на знаењето и развој на образованието.

Челик

Челикот бил откриен околу 1800-та година пред н.е. Денес современиот свет не може да се замисли без овој метал од кој се изработуваат машини, инструменти, оружје.

Огнено оружје

Огненото оружје се појавило во 11 век и трајно ги променило начините на војување како и составите на државните војски. Скапите витешки реквизити кои можеле да си ги дозволат само аристократите станале непотребни.

Компјутер

Компјутерот бил измислен и во целост и усовршен меѓу 1822-та и 1950-та година. Денешницата не може да се замисли без компјутерите, не само во домовите туку и во производството и трговијата, но и во вслената.

Парна машина

Парната машина била измислена од Томас Њукомен во 1968-та година во Англија. Бродовите и возовите кои работат на парен мотор го отворија патот за следните нови откритија како што е моторот со внатрешно согорување.

Електрична ламба

Електричната ламба која е изум на Томас Едисон во 1968-та година во САД ја порече зависноста од природното осветлување и неефективните извори на светлина.

Пеницилин

Пеницилинот откриен од Александар Флеминг во 1928-та година во Шкодска се јавува веројатно како едно од најважните медицински откритија на 20 век. Пеницилинот и подоцнежните откритија како што се антибиотиците спасија илјадници животи.

Компас

Компасот бил измислен во Кина во 5 век пред н.е. Овозможил на морепловците да се развие трговијата, воените операции и откривањето на нови земји.

Интернет

Интернетот се појавил во САД во 1983-та година. Иако не е достапен на сите во светот, неговото влијание на сите аспекти од животот во современото човештво е тешко да се негира.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e