Сладок „бурек“ со крем од гриз и ванила

За време на летните одмори нема кој не уживал во вкусниот грчки сладок бурек, познат како бугаца, полнет со крем од ванила и посипан со шеќер во прав и цимет.

Состојка:

500 гр кори за пита
150 гр стопен несолен путер

За фил:

1 литар млеко
200 гр гриз
200 гр шеќер
2 кесички ванилин шеќер
Прстофат сол
Една лажица путер

За посипување:

Цимет
Шеќер во прав

Подготовка:

Млекото и шеќерот варете ги на умерена температура. Кога ќе се стопли, додадете ги солта, ванилата и гризот. Мешајте додека да се згусти и тргнете од оган. Додадете го путерот и мешајте додека да се стопи.

Плехот за печење подмачкајте го со путер. Ставете девет кори. Секоја попрскајте ја со растопениот путер. Распоредете го филот. Потоа наредете уште девет кори, секоја попрскана со растопениот путер.

Печете во загреана рерна на 200 степени, околу 35 минути. Испечената пита покријте ја со крпа и оставете да се олади. Посипете со циметот и шеќерот во прав.

Ознаки: ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e