Што правите со рацете, открива некои нешта за вашата врска

Дали сте внимавале што прават вашите раце додека се шетате заедно со партнерот? Се држите романтично за раце, само со еден прст или одите еден покрај друг без допирање. Тоа открива многу за вашата врска.
Испреплетени прсти – се сакате искрено и длабоко. Меѓу вас не може ништо да застане и најчесто слободното време го поминувате заедно. Тоа е супер – ако не сакате да станете премногу зависни еден од друг.

Откосо се држите за раце – вие сте добар тим, но вашата врска не е премногу исполнета со страст. Тоа можеби звучи малку обесхрабрувачки, но има и предности: бидејќи пламенот лесно гори, помал е ризикот за караници и имате повеќе време за важни работи.

Се држите за еден прст – јасно е дека ви треба слобода. Премногу близина не прави ништо добро за вашата врска. Тоа се гледа од држењето за раце. Сепак иако повремено имате потреба од дистанца, тоа не е проблем и со тек на време вашата врска може да добие нов полет.

Држење „под рака“ – сакате да го држите „под рака“? тоа значи дека улогите се јасно поделени. Ти кај него бараш близина и зашитита, а тој ужива во улогата на твој заштитник. Нема сомнеж дека тој принцип може одлично да функционира.

Воопшто не се допирате – ако не барате никаква близина еден од друг, тоа може да е лош знак, но не треба да се сфати баш така. Можеби сè уште врската не ви е толку длабока или едноставно не ви е пријатно да се шетате држејќи се за рака. Најдобро е да поразговарате за тоа пред да донесете погрешни заклучоци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e