Шокантен пресврт! Афера со порно ѕвезда: Трамп признал дека му платил на адвокатот 100.000 долари за Сторми

Американскиот претседател Доналд Трамп признал, за прв пат, дека му платил повеќе од 100.000 долари на поранешниот личен адвокат Мајкл Коен, што повторно ги отворило прашањата за врската на Трамп со порно актерката Сторми Даниелс.

Објавата на ова признавање во средата, во склад со етичките правила, фрлила светло на недоследноста на објаснувањата кои Трамп и неговите соработници претходно ги изнеле за исплатата во износ од 130.000 долари, кои Коен и ги дал на Даниелс пред претседателските избор во 2016. година, за да го купи нејзиното молчење во врска со наводните сексуални средби со Трамп во 2006. година.

Документот со признавањето, кој го потпишал Трамп, а го објавила американската Канцеларија за владина етика, предизвикал коментари меѓу демократските пратеници и невладините организации за можното кршење на законот за финансирање на предизборната кампања, а кој бара јавно објавување на трошоците со цел на вршење на притисок на изборите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e