Шокантниот пораз на Рожер Федерер на тенискиот УС Опен скапо ќе го чини еден пасиониран обложувач, кој вложил 35.000 долари за победа на најдобриот светски тенисер на сите времиња против австралискиот аутсајдер Џон Милман. Швајцарецот водеше со 1-0 во сетови, имаше и две сет топки за 2-0, но на крајот загуби со 3-1. Коефициентот на негова победа беше 1.02, па обложувачот уплатил неверојатно 35.000 долари за да добие чисти 700 долари.