Шминкајте се правилно со помош на коректорите во боја

Во парфимериите во одделот за шминка често може да забележите дека покрај во природната нијанса на кожата, коректорите се достапни и во други бои, најчесто зелена, жолта, портокалова и светло виолетова.

Дали знаете дека секоја од овие бои има своја точна намена?

Виолетова – служи за елиминирање на жолтите нијанси на кожата, кои најчесто се појавуваат околу очите или околу устата.

Зелена – оваа нијанса служи за неутрализирање на црвенилата на кожата и најчесто се нанесува врз воспалените акни, за да може добро да се прикријат и со пудрата.

Жолта – жолтиот коректор е идеален за елиминирање на темните делови од лицето, а особено е применлив во прикривањето на подочниците.

Корално портокалова – оваа боја служи за прикривање на темните кругови под очите, но кај луѓе кои имаат природно потемен тен.

Светло розова – оваа боја е најдобар избор кај луѓе на кои не може да им се одреди тонот на бојата на тенот и е неутрален избор за коректор, кој може да послужи и при контурирање на лицето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e