Секој може да биде програмер со помош на вештачка интелигенција

Секој може да биде развивач со помош на вештачка интелигенција (ВИ), изјави денеска извршниот директор на Нвидиа, Џенсен Хуанг на форумот Computex во Тајпеј.

Тој најави дека светот влегува во „нова ера на компјутери“ во која програмерите повеќе нема да мора да пишуваат долги редови код што ќе пропадне само затоа што им недостасува точка-запирка, пренесува CNN (CNBC).

„На овој компјутер не му е важно како ќе го програмирате, ќе се обиде да разбере што мислите, бидејќи ја има оваа неверојатна можност за голем јазичен модел. Програмската бариера е неверојатно ниска“, изјави извршниот директор на Нвидиа.

Според него, вештачката интелигенција го затворила дигиталниот јаз меѓу луѓето.

„Сите се програмери. Сега само треба да му кажете нешто на компјутерот“, тврди Хуанг.

Калифорнискиот напреден производител на чипови Нвидиа минатата недела објави дека неговите приходи за целата фискална година, од февруари 2023 до крајот на јануари оваа година, се зголемиле за 126 отсто на годишно ниво, на рекордни 60,9 милијарди долари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e