Рибата пајак најотровниот морски жител на Јадранот

Рибата пајак е најотровниот морски жител на Јадранот, расте во должина до 40 см и достигнува тежина до 1,5 кг. На жабрениот капак има долга отровна боцка свртена наназад, а отровот се наоѓа на боцката на жабрениот капак и на боцките на првата грбна перка.

Како и кај другите отровни риби, и нивниот отров дејствува на нервниот и на васкуларниот систем на човекот.

По убодот прво се јавува силна болка која може да трае долго време, дури и до дванаесет часа, по што може да се јави несвестица, повраќање, срцебиење, висока температура, и други симптоми на нарушен организам. Интензитетот на болката зависи од организмот на човекот  и од големината на рибата пајак.

По убодот најдобро е да се побара лекарска помош, или пак местото на убодот да се нурне во течност со температура повисока од 40 ° C.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e