Раните новогодишни декорации потсетуваат на среќни времиња

Почеток на ноември е, а веќе во некои продавници се нудат новогодишните и божикните украси, а има и луѓе кои веќе почнуваат да декорираат дома.

Заедничко за нив, според списанието „Environmental Psychology“ е дека тие всушност се носталгични по среќните времиња од нивното детство.

Психоаналитичарот Стив Меккеун, основач на „MindFixers“, смета дека има причини зошто некои рано украсуваат, а други дури и ги игнорираат празниците. Кај првите постои среќа и носталгија и тоа ги потсетува на убави времиња. Кај другите, пак, може да е поврзано со одредена траума, семејна или празнична и тие го избегнуваат украсувањето.

Ејми Морин, која е психотерапевт и автор на книгата „13 нешта кои ментално силните луѓе не ги прават“, тврди дека украсувањето им помага на луѓето да воспостават баланс и хармонија во себе и да се сетат кои се тие всушност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e