Професори готвеле метамфетамин на факултетот каде предаваат

Двајца универзитетски професори по хемија на Универзитетот Хендерсон во Арканзас се обвинети и уапсени под сомнение дека во факултетската лабораторија произведувале силни синтетички дроги.

Овој случај ја асоцирал јавноста на мегапопуларната серија „Breaking Bad“, но сепак, не дошло до моментот на судир со моќните мексикански нарко-картели.

Двајцата професори, Тери Дејвид Бејтмен и Бредли Ален Роуленд се уапсени во петокот, поради производство на метамфетамин. На 8 октомври првпат било забележано сомнително истекување на хемикалии, по што кабинетот по хемија бил привремено надвор од употреба.

Од факултетот не го коментираат случајот, само за медиумите навеле дека и двајцата професори биле на привремено отсуство уште од 11 октомври. Оттаму не го потврдиле тврдењето дека во факултетската лаборатотија се подготвувале синтетички дроги.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ