Приказна за детето кого мафијата го потопи во киселина: Крвнички го мачеа 800 дена, а сега семејството доби милионска отштета

Италијанската влада додели 2,3 милиони долари отштета на мајката и братот на 15-годишното момче кога сицилијанската мафија во 1996 година немилосрдно го мачела и на крајот го убила, а неговото тело го потопила во киселина.

Џузепе ди Матео бил дете кога во 1993 година мафијаш, кој му се претставил како полицаец му рекол да го одведе кај својот татко, Сантино ди Матео, кој во тоа време бил под полициска заштита на тајно место, зошто се согласил да сведочи против поранешните сорабитници,

Лажниот полицаец всушност бил соработник на Џовани Бруска – познат под прекарот Свиња, Колач и Егзекутор, бидејќи убил дури 200 луѓе и бил познат како озлогласен шеф на мафијата на Салваторе Тото Рина.

Киднаперите го мачеле детето речиси 800 дена и тоа меѓу 1993 и 1996 година. Целта на киднаперите била, со таа уцена да се доближат до Сантино. Сантино е уапсен поради учество во убиството на судијата Џовани Фалконе, кој им судел на мафијашите.

Сантино се согласил да и помогне на полицијата во истрагата за откривање на детали од атентатот и сведочел против мафијата. Бил првиот кој се согласил тоа да го направи.

 

Детето го грабнале за да го заплашат неговиот татко, за да го повлече сведочењето и сите искази. Мафијашите дури и му испратиле фотографии на кои се гледало како го мачат неговиот син. Сантино се обидел да го спаси, но безуспешно.

Конечно, откако детето во заробеништво издржало 779 дена, а сведочењето на Сантино и натаму било составен дел од судскиот записник, Бруска им наредил на киднаперите „да се ослободат од кученцето“, а неговото тело го потопиле во киселина за да ги уништат сите докази и да му оневозможат на семејството да организираат погреб.

Сега, 25 години по ужасниот чин, судот во Палермо на Сицилија, одлучи семејството ди Матео да добие 2,3 милиони долари оштета. Парите ќе стигнат од фондот кој го основаше италијанската влада за надомест на жртвите на мафијата. Во меѓувреме, Бруска е уапсен во мај 1996 година откако е осуден претходната година во отсуство поради детонација на бомбата која го уби Фалконе. Тој моментално издржува повеќе доживотни казни.

Поради соработката, таткото на Џузепе ди Матео, е пуштен од затвор на почетокот на март 2002 година. Во интервјуто Сантино рече дека никогаш нема да може да си прости себеси поради тоа што му се случило на неговиот син: „Размислувам за тоа секој де“, рече тој. „Како може да постојат луѓе толку зли за така да постапуваат со дете?“, рече тогаш.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e