Пожртвувана мајка (49) му роди дете на својот син, сите ја осудија поради тоа, а таа имаше добра причина за овој голем подвиг

29-годишната Кајла Џонс од Арканзас очајно посакувала дете со својот сопруг Коди. Од 2012 година кога се венчале се обидувале да го прошират семејството на сите можни начини, но плачот на бебе никако да се слушнал во нивниот дом.

Имено, Кајла имала тумор и морала на оди на делумна хистеректомија кога имала 17 години. Лекарите делумно и ги зачувале јајнциите, но и ја отстраниле матката, па бременоста била неизводлива.

Соочена со фактот дека нема да може по природен пат да роди дете таа и нејзиниот сопруг одлучиле да најдат сурогат мајка која би го родила нивното биолошко дете.

За оваа двојка тоа било единствено решение

Потрагата по жена која би ја понела бременоста била безуспешна, се додека мајката на Коди Пети Ресекер не одлучила на својот син и снаата да им ја исполни желбата. Иако поминале 20 години, Пери одлучила повторно да се впушти во авантурата бременоста во касни години.

-Веќе 10 години знам дека единствена шанса да имам дете е сурогат мајка. Драго ми е што тоа е некој на кој можам да му верувам, рече Кајла.

Бременоста во случајот на Пети која наполнила 49 години била високоризична, но поминала во најдобар ред. Кон крајот на 2017 година на свет дојде малиот Крос Ален Џонс кого всушност го роди неговата баба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e