Потресна исповед на киднапираната новинарка: “15 месеци ме тепаа и силуваа”

Злоставувана, тепана, изгладнувана и силувана – вака 15 месеци живеела Канаѓанката Аманда Линдхут во заробеништво.

Новинарката била киднапирана во 2008 година заедно со своето момче Најџел Бренан, на пат кон еден бегалски камп во Сомалија. Сега, десет години подоцна, таа одлучила да ја сподели својата потресна приказна со светот.

Аманда и Најџел биле киднапирани по три дена откако пристигнале во Сомалија. Таа веќе имала искуство во работата во воени зони, но ова за неа претставувало ноќна мора. Тие се возеле кон бегалскиот камп кога пред нив скокнала група вооружени мажи кои го застанале автомобилот.

1

Аманда и нејзиното момче биле однесени во непознат правец и за секој од нив барале 2,5 милиони долари откуп. Тие биле држени 15 месеци во темни и малечки простории, каде биле тепани и изгладнувани, а Аманда била постојано силувана. Често ги селеле за да не ги пронајдат.

Во еден момент, Аманда и Најџел одлучиле да преминат во ислам со надеж дека нивните киднапери ќе почнат подобро да се однесуваат со нив, но тоа не се случило. Злоставувањето продолжило, а Аманда се присетила и дека ѝ се заканувале со нож доколку не го убеди своето семејство да го плати откупот.

“Како е да знаеш дека ќе умреш?”, ме праша еден од киднаперите.

Поради сето тоа, таа започнала да размислува за самоубиство, но едно утро сè се променило.

“Како што се појавуваше сонцето тоа утро, забележав мало движење на прозорецот – тоа беше птица. Отсекогаш сум верувала во знаци, а оваа птица беше знак. Желбата за самоубиство исчезна и никогаш не се врати, беше заменета со одлучност за преживување. Желба за слобода, желба повторно да го видам моето семејство”, изјавила Аманда за “Mirror”.

По 460 дена во заробеништво, во собата во која се наоѓала Линдхут влегол еден од киднаперите и го пресекол ланецот кој ѝ бил врзан околу глуждот. Тој ѝ кажал дека нивните животи се платени, а веќе во следниот момент, Аманда и Најџел биле во возилото во кое се возеле со часови.

Кога изглегле од возилото, биле опколени од 40 наоружани мажи од кои еден ѝ дал мобилен телефон.

“Бев потполно збунета од тоа што се случуваше, го земав мобилниот телефон и ја слушнав мојата мајка која ми кажа дека конечно сум слободна”.

На Аманда набрзо ѝ бил дијагностициран посттрауматски стрес, а поради изгладнувањата, таа имала проблеми со дигестивниот систем. Во јуни оваа година бил уапсен Али Омар Адер, еден од киднаперите, кој е осуден на 15 години затвор. Адер е осуден за помош во организирање на киднапирањето иако во текот на судењето тој се бранел, тврдејќи дека бил присилен да им служи на киднаперите како преговарач и преведувач. Како што навел во својата одбрана, киднаперите му се заканувале нему и на неговото семејство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e