Поштарите во Швајцарија ќе ги заменат роботи-поштари

Поштарите во Швајцарија сè уште нема потреба да се грижат за своите работни места затоа што не се знае точно кога ќе стартува проектот. Сепак, не е далеку моментот кога и последната алка од синџирот на доставување пошта стане автоматизирана.

Почнувајќи од септември годинава мали роботи-поштари ќе се појават по улиците во три швајцарски градови: Берн, Кениц и Биберист. Тие се дел од договорот на?????Швајцарски пошти со лондонската компанија Starship Technologies и ќе доставуваат мали пратки во радиус од околу 5 километри.

Ќе бидат опремени со посебна брава за заштита од крадци и GPS за да може да се следат. Ќе се движат со максимална брзина од 6,5 километри на час, ќе можат да ги избегнуваат пешаците и другите пречки на патот благодарение на вградените сензори и камери.

Засега нема да носат ништо, но доколку проектот е успешен, во иднина, освен поштенски пратки, ќе можат да носат лекови или храна до лица кои не можат да пешачат. Роботите 99% се движат автономно, но ги надгледуваат човечки оператори во контролни центри.

robots delivering mail (600x338)Тестирањето се врши во навистина мала област, каде што доставата треба да биде брза, флексибилна и евтина. Нема смисла да се прошири на поголема површина затоа што нема да биде економично“, вели шефот за развој и иновации на Швајцарски пошти, Клаудија Плечер.

Ова партнерство со Starship Tecnologies следува по лансирањето на комерцијалните тестови во Обединетото Кралство и во Германија минатиот месец со партнерите Just Eat, Pronto, Hermes и Metro Group, а наскоро дроновите може да се најдат и на пазарот во САД. Има дозвола од Вашингтон есенва дроновите да се тестираат таму, а постои опција за проширување на пилот-програмата во Сан Франциско, Портланд и во Остин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e