Поштар од САД е татко на 1.300 деца, ги освојувал жените на неверојатен начин!

По собирање на неколку илјади ДНК примероци и сведочења од лица во период од 15 години, докажано е дека некогашниот поштар има повеќе од илјада потомци во регионот.
Една несекојдневна истрага утврдила дека 87-годишен маж од Тенеси е татко на повеќе од 1.300 деца, а сè било разоткриено откако едно семејство најмило приватен детектив.

По собирање на неколку илјади ДНК примероци и сведочења од лица во период од 15 години, докажано е дека некогашниот поштар има повеќе од илјада потомци во регионот.

– Контрацептивните методи некогаш не беа претерано популарни. Немам од што да се срамам. Шеесеттите беа добар период и јас на одличен начин знаев да го одглумам Џони Кеш, што излезе како феноменална работа со дамите. Некои дури мислеа и дека јас сум навистина тој, не знам дали веруваа во тоа или пробуваа себеси да се убедат, но кој сум јас да ги одбијам – раскажал низ смеа неименуваниот маж.

Приватниот детектив Сид Рој кој бил задолжен за случајот изјавил дека никогаш не би помислил дека една ваква работа може да се претвори во 15 години трагање по вистината.

– Сè започна во 2001 година кога двајца мажи ме ангажираа да ги пронајдам нивните биолошки татковци. По потрагата бев шокиран од фактот дека тие имаат ист татко, а потоа мистеријата започна да се открива – изјавил Рој.

Тој напоменал дека децата на пензионираниот поштар не планирале да покренат каква било тужба против него.

– Поголемиот дел од лицата кои ја открија вистината не сакаат да се прочујат ваквите информации. Тоа би можело да растури повеќе од илјада семејства, а сè што знам е дека на повеќето им е мило што ја дознаа вистината и немаат ништо против старецот – заклучил детективот.

Иако со ДНК тестирањата и сведочењата е утврдено дека неименуваниот маж е татко на повеќе од 1.300 деца, Рој верува дека бројката би можела да биде поголема.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e