Плата 41.273 денари, искуство НЕ Е потребно

Врз основа на член 22 и 23 од Законот за работни односи – пречистен текст Сл. весникбр. 167/2015 год. член 5 и 8 одКолективниот договор на „МНАВ” АД Скопје, Правилникот за систематизација на работни места во „МНАВ” АД Скопје, и добиената Согласност од Министерството за финансии на РМ бр. 1 82969/3 од 1 2. 3. 20 1 8 год, „МНАВ” АД Скопје објавува
ЈАВЕН ОГЛАС
за засновањс на работен однос
За потребата од вработување на работник на неопределено работно време за следното работно место:
1. Советник – 1 (еден) извршител
Кандидатот покрај пријавата за вработување и кратката биографија (CV), потребно е за исполнување на општите услови да ги достави следните документи:
-извод од матична книга на родените;
-уверение за државјанство;
-потврда од казнена евиденција издадена од надлежен суд;
-уверение од кривична евиденција издадена од надлежен суд
Горенаведената документација треба да се достави во оригинал или копија заверена на нотар. Покрај општите услови кандидатот треба да ги исполни и посебните услови
Кандидатот за работно место- Советник за односи со jавноста во Одделението за односи со јавноста: треба да има завршено I циклус на студии Универзитетски студии минимум 180 ЕКТС.
Без работно искуство. Кандидатот треба да достави диплома или уверение за завршен факултет (оргинал или копија заверена на нотар).
Исто така треба да има и други професионални квалификации, способности и вештини, лични квалитети, a особено познавање на англиски јазик и работа на компјутер.
Работни часови во текот на неделата се 40. Работниот ден трае 8 часа и тоа со почеток од 07. 30 до 15. 30 часот, работни денови од понеделник до петок.
Основна нето плата е: 41.273,00 денари.
Документите да се достават во оригинал или копија заверена на нотар во просториите на „МНАВ” АД Скопје на адреса Ул. Македонија бр. 25, објект Лазар Поп Трајков, 1000 Скопје.
Некомплетни и ненавремено доставени документи нема да се разгледуваат. Огласот трае 5 работни денови од денот на неговото објавување во јавните гласила.
Изборот ќе биде извршен во рок од 3 дена од денот на истекот на рокот за пријавување на кандидати.

извор: fakulteti.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e