Пет причини зошто треба да се пие ракија

Конзумирањето на ракија може да донесе повеќе здравствени предности, секако доколку не се претерува со количината и доколку вашата поубава половина не ве нападне кажете еден од овие аргументи:

Го продолжува животниот век

Преголема количина алкохол дефинитивно ќе ви го намали животниот век, но умерената сосема спротивно, ќе го зголеми.

Ослободува од стресот

Доколку пиете во нормални количини, ракијата ќе делува на нервниот систем, така што ве опушта. Повторуваме, секако додека е во умерени количини.

Го намалува ризикот од срцев и мозочен удар

Одлична работа кај ракијата е тоа што спречува стварање на наслаги од холестерол во вашиот кардиоваскуларен систем, така што помага да се намали нивото на холестерол во крвта, со што драстично се намалува ризикот од срцев и мозочен удар.

Помага во превенција од настинка

Веројатно не сте знаеле но ракијата може да служи како одличен сируп при кашлица. Исто така таа ги убива и сите бактерии во грлото. Најдобар ефект ќе постигнете ако ја измешате со млака вода и лимон.

Не здебелува

Еве одличен аргумент 🙂 –  за разлика од газираните сокови или пивото, ракијата е алкохол со мал број на калории. Со тоа не ја зголемувате тежината и го регулирате нивото на холестерол во крвта.

И нормално, се ова важи доколку се пие во умерени количини.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e