Парфем на „Герлан“ чини колку добра кола

Парфемот Santal Royal од линијата Absolus d’Orient на модната куќа „Герлан“ веќе пет години може да се најде на полиците во парфимериите и е еден од најпродаваните во таа линија.

Се работи за комбинација од ноти на бели цвеќиња, нероли, јасмин, како и кожа и мошус. Со својата трајност и впечатлив мирис, овој парфем веќе може да се рангира во легендарни.

Во таа чест, од „Герлан“ изработија специјално сино шише, декорирано со златни симболи и написи. Ќе бидат произведени само 22 вакви шишенца, а цената на едно шише од еден литар парфем чини 10.000 евра.

парфем

Ознаки: ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e