Памела Андерсон се отвори за групениот секс и љубовта

За магазинот Dazed 51-годишната Памела Андерсон, позната по насловните на „Плејбој“ и улогата во тв серијата „Служба за спасување“ ги открила своите искуства со групен секс.

„Никогаш не учествував во секс во тројка или групен секс, и не можам да кажам дека тоа беше позитивно искуство. Но, за вкусовите не се дискутира. Сите мои љубовници беа премногу љубоморни. Освен еден кој мечтаеше да ме види со друга жена. Звучи примамливо, но јас сум премногу голем романтичар. Не уживам во секс без љубов и посветеност. Сексот не е само движење, или да се правиме важни, туку е дел од интимноста и споделување на тајните”, рекла Памела Андерсон.

Памела Андерсон моментално е во врска со Адил Рами со кого се запознала во февруари 2017. година. Беше во брак со Рик Саломон, Кид Рок и Томи Ли. Последниот брак и се распаднал во 2015. година

На прашањето како се справува со нејзиниот статус на секс симбол, Памела Андерсон одговорила дека нема ништо полошо од тоа мажите да ве стават на пиедестал, бидејќи тоа ве изолира и ве осакува.

„Кога мажите мислат дека сте совршени, тоа ги прави несигурни, па тие бараат внимание на друго место. Само сакам да одам на прошетка, да се држиме за раце, да се бакнуваме, да се смеам и да сакам. Но, некои луѓе се плашат да ме третираат како ’нормална жена’”, заклучила Памела Андерсон.

Ѕвездата на „Спасувачка служба“ коментирала дека парите не можат да купат љубов. Таа исто така додала дека слушнала дека многу луѓе минуваат низ „асексуален” период, и таа претпоставува дека ова може да биде последица на технолошката ера во која живееме и стравот од болест.

„Да се биде љубовница или љубовник е да бидете ранливи, особено за чувствителни луѓе. Таквите луѓе длабоко и лесно се нурнуваат во депресија, додека други едноставно се плашат од љубов. Ние ја делиме нашата душа со оние со кои го делиме нашето тело и може да биде застрашувачки. Нема врска со компјутер или кога гледате разни тела за да се возбудувате.Ова е опасно време за добар секс. Сите ние мораме да работиме на тоа да ги зачуваме нашите човечки односи – ние сме посилни во пар”, заклучила Памела .

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e