Оваа торба мора да ја имате за новата есен/зима сезона

По јакните полни со пердуви кои греат во тек на ладните есенски и зимски денови, во модниот фокус дојдоа и торбите изработнеи на ист начин, кои освен естетска имаат и практична страна – лесно можете да ги носите во било какви комбинации, дури и наместо торба на патување или тренинг.
Јакните со пердуви можеби потсетуваат на прекривки, но сепак се еден од најжешките модни трендови, а тоа го потврдија и дизајнерите кои ги лансираа новите модели на модните ревии во изминатите месеци. Овој тренд се префрли и на торбите, со кои ќе се чувствувате како да носите со себе перница.

 

торба1
Колку и да звучи чудно, овие торби навистина можат да ја заменат перницата, на пример летоска при летање со авион или кога само пет минути сакате да ја одморите главата. Тие се интересен моден додаток, кога сакате нешто поинакво.
Maison Margiela во февруари ја претстави колекцијата во која доминираа вакви модели на торби, конкретно големи модели со копчиња како кај големите старински софи и фотељи. Од друга страна Off- White ги замисли уште поголеми, во спортски стил и со различна примена. Станува збор за модел на торба “три во една“ бидејќи лесно може да се користи за на работа, тренинг или кратко патување, што ги прави практични.

 

торба

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e