Ова се најопасни секс пози кои предизвикуваат тешки повреди!

До повреди најчесто не доаѓа поради тоа како туку каде водите љубов…
Повредите за време на сексот се доста ретка појава, но сепак знаат да се случат и главно се сериозни.
“До повреди најчесто не доаѓа поради тоа како туку каде водите љубов”, вели д-р Деби Хербеник, автор на книгата „Одлични во креветот“. Некои места и пози се едноставно поопасни од другите и можат да влијаат на ризикот од повреда и да доведат до “скршен пенис”.
Ова се четирите најопасни сексуални пози кои треба да ги избегнувате или барем да ги користите со претпазливост.
1. Кујна
Мажот стои на прстите додека жената седи на работната површина во кујната пред него. Ако мажот ја промаши целта и цели премногу високо или премногу ниско, тој може да ја погоди коската н препонат или работната површина и да заработи фрактура на пенисот. Секоја позиција во која мажот стои на прстите може да биде опасен.

2. Топка за вежбање
Сексот на оваа топка навистина може да ве возбуди, но бидете внимателни. Д-р Хербеник нагласува дека фрактурите на пенисот се чести во било која секс позиција во која пенисот целосно излезе од вагината, а потоа влегува назад.

3. “Каубојка“ со наклон наназад
Мажот лежи на грб и жената седи на него. Стандардно. Но, проблемот се јавува кога жената, наместо да се потпре напред и да ги држи рацете на градите на човекот, се навалува назад. Пенисот, во такви случаи, може под притисок да се истегне, што со текот на времето може да доведе до Пејрониева болест и свиткана пенисот во ерекција. Тоа може да го направи сексот невозможен.

4.Стоечка мисионерска поза
Мажот целосно ја држи жената, се навалува наназад и со свиткување на колената ја крева и спушта жената на пенисот. Таквите акробатски пози може да доведат до проблеми со грбот кај мажите и секогаш постои ризик од губење на рамнотежата и паѓање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e