Ова рајот на земјата: Речиси се е бесплатно, нема полиција, а платата е 1.200 евра!

Ако рајот на земјата постои, тоа е малото градче Мариналеда на југот од Шпанија. Со само 2.700 жители, без никаков страв од слободно изразување и искажување на политичките верувања луѓето кои живеат во Мариналеда наместо со блескави реклами и брендови своите ставови ги искажуваат преку уличната уметност, односно графити и мурали со пораки на поддршка и солидарност кон земјите како Куба и Венецуела.

43-640x395

Светот ова место го нарекува „комунистичка оаза во капиталистичка пустина”. Одлуките во ова гратче се носат по демократски пат и тоа на неделни состаноци кои обично се посетени од 400 луѓе.

Но, она кое е зачудувачко е дека тука вработеноста е речиси 100 отсто, па токму поради тоа и многумина сакаат да се преселат во Мариналеда. Но, за да се живее во ова гратче не е така лесно. Постои листа на чекање, според која идните чекаат и до две години додека дојдат на ред.

34-640x416

Уште позачудувачки е фактот дека киријата во Мариналеда изнесува само 15 евра месечно, додека пак просечната месечна заработка е околу 1.200 евра.

Луѓето сами си ги градат куќите. Локалната власт им го дава материјалот, а дури по изградбата и вселувањето, новиот сопственик на таа куќа на владата и плаќа 15 евра месечно за да ги рефундира трошоците од искористениот материјал. Доколку не знаете сами да ѕидате куќа (што е многу веројатно), властите дури ќе ви испратат и професионални архитекти и градежници. Трикот е во тоа што оваа куќа не можете да ја продадете што спречува злоупотреба и профитирање на таков начин.

25-640x427

Но тоа не е се. Сите кои живеат овде на располагање имаат бесплатен интернет, два фудбалски терени, терен за кошарка, терен за тенис и за сквош и одбојка, базен (единствен што се плаќа на годишно ниво)…

Интересно е дека во градот нема полиција, иако според бројот на жители би требало да има од 4 до 7 полицајци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e