Оливер Драгојевиќ два пати завршил во затвор

Утрово Балканот се разбуди во шок и неверување дека легендарниот пејач Оливер Драгојевиќ почина утрово во пет часот во сплитската болница на 71 годишна возраст.

На пејачот една година претходно му беше дијагностицирано рак на белите дробови, а по една година борба, денеска ја загуби битката.

Во далечната 1980 година пејачот во едно интервју за прв пат открил дека два пати престојувал во затвор.

-Работев во Шведска, Германија, Мексико, Канада, Америка…Бев вистински работник, работев од осум до четири наутро, тоа е таа (барска музика), вели во интервјуто Драгојевиќ.

На новинарското прашање дали навистина лежел во затвор пејачот одговори:

-Два пати бев во затвор, ни крив ни должен. Сепак во еден од случаите бев крив. Возев со брзина од 63 километри на час побрзо од дозволеното. Беше тоа во Шведска, вели Драгојевиќ во далечната 1980-та година во своето интервју.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e