Одложувате аларм? Ризикувате да си го уништите денот

На секој од нас барем еднаш во животот му се има случено да го притисне копчето „snooze“ на алармот наутро и да продолжи да спие уште 10-15 минути, а потоа да се разбуди уште поуморен.

Но, дали знаете дека токму оваа постапка не носи ништо добро за вас, напротив, може целосно да ви го уништи денот.

Кога наутро ќе ве разбуди звукот на алармот, а вас сè уште ви се спие, многу е лесно да паднете во искушение да го одложите алармот, за да дремнете уште неколку минути. Но, овој потег не е добар за вашето здравје и создава бунило и на мозокот и на телото. Токму поради тоа може да се случи откако ќе се разбудите, со часови да се чувствувате дезориентирано.

Ваквата состојбата за зашеметеност и дезоириентираност може да потрае дури и два до четири часа, сè во зависност дали сте се разбудиле од фазата на ран сон или од фазата на длабок сон.

Кога го притискате копчето за одложување на алармот и продолжувате да спиете, хормоните кои во тој момент се ослободуваат го „лажат“ мозокот и тој мисли дека е време да потонете во длабок сон. Кога вашиот аларм повторно ќе ве разбуди после десетина минути, тоа во никој случај не е добро, бидејќи телото е во состојба на длабок сон и поспаност.

Можеби сите сонуваме за тоа кога ќе се разбудиме да бидеме свежи и наспани. Меѓутоа, поголемиот дел од нас прават вообичаени грешки и со тоа може и со денови да се чувствуваме како да нè прегазил воз.

Сите кои го одложуваат алармот за да поспијат уште некоја минута, со тоа прават фатална грешка. Телото се подготвува за уште една „тура“ сон кој е прекинат по 10-15 минути. Последиците од тоа е чувството на замор преку целиот ден.

Затоа, обидете се да не го одложувате алармот и станете веднаш кога тој ќе звони. Иако во прв момент ќе се чувствувате како да ви недостига уште барем половина час сон, по само неколку минути ќе се разбудите целосно и ќе сфатите дека сте наспани.

Ознаки: , ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e