Одличен трик за отстранување на митесериите од лицето, отстранете ги со еден потег

Доколку на различни начини сте се обидувале да ги остраните црнките од лицето, а сте немале никакви резултати, тогаш обидете се со овој трик да се ослободите од нив. Лесно, брзо и ефикасно, а сигурни сме дека ќе се воодушевите.

Блогерката за убавина Суки Ман, на својот Инстаграм профил покажа како можете да се ослободите од црнките кои постојани се појавуваат на Вашето лице. Сè што Ви е потребно е чиста крпа и конец за заби.

Прво крпата потопете ја во врела вода и нанесете ја на лицето. Држете ја 5 минути за да можат порите добро да се отворат и полесно да се отстранат митесериите.

Потоа, со конецот за заби и малку притисок поминете низ носот. Веднаш ќе забележите како црнките остануваат на конецот.

Со третиот чекор, дополнително ќе го дезинфицирате Вашето Лице. Течност за исплакнување на устата. Нанесете го на памук и нежно тапкајте на носот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ