Нуди 1.200 евра плата и сместување, но не може да најде работници

Амир Алијагиќ во Конавли произведува ПВЦ столарија и свои производи извезува во соседните земји. Најголем проблем му е работната сила која тешко се наоѓа иако нуди одлични услови. Просечната плата е околу 8 до 9 илјади куни.

-Работниците имаат сместување и храна. Сега имам 10 работници, а ми требаат уште, но работници е тешко да се најдат – рекол Амир за хрватската Нова ТВ.

Работна сила побарал во соседните земји. Хрватска веќе долго време се бори со недостиг на работна сила, а оваа година особено имаше побарувачка на сезонски работници.

Побарувачка за сезонски работници постои и во Црна Гора, но таму акцентот е ставен на професиите во угостителството. Најмногу се бараат готвачи, келнери и помошни работници. За македонските готвачи кои ќе успеат да заминат на сезонска работа во Црна Гора предвидени се плати до 1.200 евра. За келнерите и помошните работници платите се до 500 евра плус големи бакшиши. Ако се одлучите за работа на брод, секој месец ќе заработите по 1.000 евра.

Во Хрватска се бараат и собарки, туристички водичи, готвачи и пица мајстори, дадилки, келнери и продавачи на сладолед. Најголема е платата за готвачите и пица мајсторите (1.400 евра), па потоа следат келнерите (1.000 евра), собарките (700 евра), туристичките водичи и продавачите на сладолед (600 евра) и дадилките (500 евра). Разликата помеѓу Хрватска и Црна Гора е тоа што поголемиот дел од работодавачите нема да ви обезбедат сместување и храна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e