Неверојатно вкусни новогодишни ѓумбир-колачиња (РЕЦЕПТ)

Популарните колачиња со ѓумбир (gingerbread cookies) сме ги гледале на филмови, на каналите за готвење и во списанијата со декорации. Добра вест е дека можете да ги направите и самите.

Ова е проверен рецепт за околу 40 колачиња:

Едно јајце
750 гр брашно
230 мл мед или јачменов слад
220 гр кафеав шеќер
200 гр несолен путер
120 мл вода
Еден прашок за пециво
Една лажичка мелен ѓумбир
Половина лажичка цимет
Малку мускатно оревче
Сосема малку каранфилче
Неколку капки арома на ванила

За украсување (ројал ајсинг):

2 белки
250 гр шеќер во прав
Сок од половина лимон
Прехранбена боја

Подготовка:

Измешајте ги брашното, прашокот за пециво и зачините. Со миксер измешајте ги путерот, медот, шеќерот, водата, јајзцето и ванилата. Полека додавајте по малку од смесата со брашно и замесете тесто.

Добиеното тесто поделете го на три дела и завиткајте го секој во фолија. Оставете да отстои неколку часа во фрижидер.

На масата рассукајте го тестото врз поголема количина брашно. Сукалото мора да биде набрашнето, исто и калапите со кои ќе сечете форми по ваша желба. Ако премногу омекне, повторно замесете го тестото и оставете го во фрижидер.

Исечените колачи ставајте ги на хартија за печење. Печете 10 минути на 175 степени и внимавајте да не ги препечете. За украсување, колачите мора да бидат целосно оладени.

За украсување:

Изматете ги белките и измешајте го шеќерот во прав и сокот од лимон. Поделете ја смесата и обојте ја со саканата боја. Глазурата можете да ја ставите во слаткарска кесичка со шприц и да декорирате, а може и да ја нанесувате со четкички.

Оставете да се стврдне убаво, најдобро преку ноќ. Веќе наредниот ден можете да ги јадете.

Ознаки: ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e